Преговорите за Брегзит накусо прекинати откако се дознало дека еден од учесниците е позитивен на коронавирус

Од:

Разговорите меѓу делегациите на Брисел и Лондон за Брегзит се суспендирани затоа што еден член на делегацијата на ЕУ бил позитивен на Ковид-19, изјави попладнево главниот преговарач на ЕУ во разговорите за идните односи со Велика Британија, Мишел Барние.

„Еден од членовите на мојот тим за преговори беше позитивен на Ковид-19. Во консултација со британскиот преговарач, Дејвид Фрост, решивме за кратко да ги прекинеме преговорите на наше ниво“, напиша Барние на Твитер.

Барние додава дека тимовите ќе продолжат со преговорите со почитување на сите протоколи.

Последните денови во Брисел се шпекулираше дека е можно до крајот на месецот да се постигне договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи.

Дипломатите на ЕУ, истовремено, наведуваат дека до крајот на преодниот рок, што истекува на 31 декември, е предоцна да се постигне договор и тој потоа да се ратификува во парламентите .

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он