Претседателските кандидати во САД потрошиле 6,6 милијарди долари, двојно повеќе отколку на минатите избори

Од:

Учесниците на изборите во Соединетите Американски Држави потрошиле речиси 14 милијарди американски долари на своите кампањи годинава, а во оваа сума се вклучени трошоците за претседателските кандидати, но и за стотици потенцијални членови на Конгресот.

Поради пандемијата, кампањата беше различна од вообичаеното, но политичкиот ангажман остана на високо ниво, и беа донирани повеќе пари од кога било, пренесува Би-Би-Си.

Само претседателските кандидати потрошиле околу 6,6 милијарди долари, повеќе отколку во претходните два изборни циклуса заедно.

Најголемиот дел од парите беа потрошени на медиумско покривање, телевизиски реклами, дигитален маркетинг, плати на вработените во кампањите.

Бајден на стотици свои соработници им исплатил повеќе од 50 милиони долари, додека Трамп на своите луѓе им платил 20 милиони долари.

Кога станува збор за борбата за места во Претставничкиот дом и Сенатот, стотици кандидати потрошија вкупно рекордни седум милијарди долари на нивните кампањи.

Најголемиот дел од потрошените пари беа собрани преку донации, околу 20 проценти од сите донации што ги направија обичните граѓани со одвојување 200 долари или помалку, а остатокот беше собран од богати донатори и разни други активности.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски