Нова комисија ќе испитува зошто 41- годишната жена молела за кислород пред да почине во штипската болница

Од:

Нов вонреден надзор ќе се врши во штипската болница за случајот на 41 – годишната жена која пред да почине во болницата преку повици и пораки од телефон молела да добие кислород. Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе ја утврдил состојбата, но од таму не сакаат во овој момент да изнесуваат детали.

„Предложен е нов стручен надзор од комисија која ќе ја формира министерот за здравство, а во која треба да има повеќе лекари. Сите наоди до кои дојде Државниот санитарен и здравствен инспекторат се предадени во Министерството од каде се очекува формирање на стручната комисија за овој случај“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Случајот во јавноста се појави откако ќерката на 41-годишната жена на социјалните мрежи ги објави пораките кои нејзината мајка ги испратила на лекарите и сестрите во болницата пред да почине. Во нив таа моли да и донесат боца кислород.

И директорот на штипската болница Ален Ѓорѓиев најави дека ќе го испитува случајот, но наодите не ги соопшти.

41-годишната жена била примена во штипската болница на 6 ноември, а починала на 14 ноември по компликации од Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски