По сурово убиство на војникот во јужен Лондон, во француската четврт Ла Дефанс во Париз се случи уште еден сличен инцидент.
Ово пат француски војник е нападнат со пила, но за среќа тој е во стабилна здравствена состојба.
Додека патролирал низ градот, во рамки на редовна антитерористичка проверка, војникот бил нападната од засега непознат напаѓач кој му нанел повреди на вратот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека властите ја истражуваат секоја можна врска на нападот врз 23-годишниот војник во париската четврт Ла Дефанс со неодамнешното убиство на британскиот војник.
Повикувајќи се на полициски извори, француските медиуми соопштуваат дека осомничениот напаѓач е на возраст од околу 30 години, со брада од северноафриканско потекло, облечен во арапски панталони.