(ВИДЕО) Костовски: Владата ефикасно се справува со економските и здравствени последици од коронавирусот, да ги почитуваме мерките за заштита

Од:

„Состојбата со коронавирусот е сериозна. Есенскиот бран, како во нашата, така и во земјите од Европа доведе до зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани.

Сега е многу важно секој од нас доследно да ги почитува мерките за заштита за да го зачува сопственото, но и јавното здравје.

Истовремено, апелираме граѓаните да внимаваат на невистините што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ затоа што се опасни по здравјето. Не е точно она што го тврди Вело Маркоски дека вирусот е безопасен, дека не треба да се носат маски и заштитна опрема. Напротив, треба да се носи маска, да се држи дистанца, да се почитуваат мерките, за нашето здравје се работи“, рече Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

„Освен по здравјето, есенскиот бран на коронавирусот негативно влијае и врз економијата. Затоа, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку навремени и ефикасни антикризни мерки се борат против негативните економски последици.

Се реализира четвртиот пакет мерки во вкупна вредност од 470 милиони евра.

Со 70 милиони евра од овој пакет, ќе се субвенционираат платите на 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември. Тоа значи дека со финансиска помош ќе бидат исплатени вкупно 250.000 плати, а поддршката ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 денари до максимални 21.776 денари по работно место.

Наскоро започнува и распределбата на домашни платежни картички од по 6.000 денари за околу 283.000 граѓани. Со оваа мерка во вредност од 27,6 милиони евра ќе ја зајакнеме приватната потрошувачка.

За компаниите погодени од кризата, наменети се десетици мерки како грантови, бескаматни кредити, државна и царинска гаранција и даночни олеснувања.

Во овој период на силен есенски бран на коронавирусот, важно е да го зачуваме јавното здравје, но важно е да ги зачуваме и работните места.

Како одговорна партија продолжуваме да се бориме против негативните здравствени и економски последици од коронавирусот. Грижата за сите продолжува уште повеќе и уште подобро“, изјави Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он