Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 41 пациент, вкупно се лекуваат 438

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.

– Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица, велат од МЗ.

Како што се наведува во соопштението, во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во моментот, во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород, известува МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски