Санкционирани 305 возачи во Скопје

Од:

На територијата на град Скопје, Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, изрече 305 санкции.

Од МВР информираат дека 36 санкции се за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирани возила, 65 возила подигнати со „пајак“ и 14 санкции за неносење заштитна маска.

Оттаму наведуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце