СДСМ: Мицкоски и антиевропското ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат своето антидржавно лице, кога веќе не помагаат нека не одмагаат

Од:

„Постапката на соседна Бугарија наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од демократскиот свет.

Само антиевропското ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски се радува и слави, го покажуваат своето антидржавно и антиевропско лице.

Токму така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата. Така се однесуваа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кога се обидоа да го кочат влезот во НАТО“, велат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски и антиевропското ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години. Сите нивни позиции и дејства беа контра НАТО и контра ЕУ.

Ниту една блокада, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани.

На им успеаја блокадите да се врати демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди да го загрозат пристапувањето во НАТО. Не им успеа да ја спречат правдата.

Нема да им успеат ниту овие обиди, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ, да посеат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.

Ние сме за ЕУ, нашиот пат е европски, ќе продолжиме со силни напори да бараме решeнија, нема алтернатива за нашата европска иднина.

Реформите мора да продолжат, како и нашата борба. И понатаму ќе продолжиме да водиме грижа за националните интереси но и со напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.

Правото на самоопределување е светост. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.

Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на партиски пресметки.

Ако веќе не сакаат и не можат да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека не одмагаат“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“