Филипче најави тужба: ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче најави тужба во случај да не добие извинување за обвинувањата дека заедно со директорот на штипската болница се обидуваат да го заташкаат случајот со 41-годишната почината жена заболена од ковид-19 во болницата во Штип кои на прес конференција ги искажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.

ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот! Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип. Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор, реагира попладнево министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.

„Ова е независен надзор и апсолутно е неточно дека директорот на болницата самиот на себе ќе си врши надзор како што наведува ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата или не го познаваат системот на надзори или свесно манипулираат како што всушност се однесуваат цели осум месеци од почетокот на кризата. Барам итно извинување за ова грозно обвинување во спротивно ќе поднесам тужба за клевета, пишува Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски