За првпат по три месеци, бројот на заболени од коронавирус во Европа започна да опаѓа, бидејќи има за 10 проценти помалку заразени од минатата недела, кога беа регистрирани 1,84 милиони новозаразени.
По воведените рестриктивни мерки во многу европски земји, бројот на пациенти почна да опаѓа, а континтентот, кој во вторникот ја надмина бројката од 15 милиони заразени, имаше 46 проценти од активните случаи на Ковид-19 во светот.
Според Светската здравствена организација, бројот на починати продолжи да расте на Стариот континент, со повеќе од 29.000 смртни случаи, што е за 18 отсто повеќе во однос на една недела порано.
Во светот, заклучно со крајот на минатата недела, во последните седум дена починаа околу 60.000 луѓе .