Оланд повика на мировен самит

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд во Адис Абеба ги повика лидерите на африканските држави на „мировен и безбедносен“ самит кој треба да се одржи кон крајот годинава, во Париз.

-Ги повикувам сите африкански лидери во Париз на состанок кој ќе биде посветен на мирот и безбедноста и борбата против тероризмот-изјави Оланд на 50-от самит на Африканската унија (АУ).

Како што е соопштено самитот во Париз ќе се одржи на 6-ти и 7-ми декември, пренесе агенција „Франс прес“.

Оланд истакна дека односите помеѓу Африка и Париз сега мора да бидат проширени поради поддршката која Франција ќе им ја пружи на африканските војници за одбрана вклучувајќи го и тероризмот.

-Тоа е за нивна безбедност како и за безбедност на Европа – рече Оланд.

На самитот на АУ покрај африканските лидери присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки- мун, претседателката на Бразил, Дилма Русеф, делегација на Србија предводена од претседателот Томислав Николиќ и американскиот државен секретар Џон Кери.

Оваа година се одбележува 50 годишнина од создавањето на Организацијата на африканското единство и нешто повеќе од една деценија од основање на Афиканската унија, со цел да се промовира „просперитетна и мирна Африка чиј напредок ќе го предводи нејзиното население и која ќе претставува динамична сила во глобалната арена“.

Африканската унија која има 54 членки е наследник на Организацијата на африканското единство, формирана 1963 година, во бурно време на ослободување од колонијалната власт ширум континентот.
Африканските лидери оваа година ја прогласија за година на Африканската ренесанса и по тој повод се собраа во Адис Абеба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт