Загина 54-годишен моторциклист на регионалниот пат Струга-Дебар

Од:

Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода што се случи попладнево околу 13 часот на регионалниот пат Струга- Дебар кај сточниот пазар.

Како што потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се работи за 54-годишниот Б.М. од Струга кој управувал моторцикл.

– Во еден момент на него налетал автомобил марка „Пасат“ со струшки регистарски таблички управуван од 19-годишниот В.Е. од струшкото село Калишта. Од ударот, моторциклистот починал на лице место, изјави Димоски.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и се очекува да излезе со официјални детали за причините поради кои загина стружанецот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип