Приведени двајца албански државјани поради извршени кражби во куќи во Челопек

Од:

Двaјца албански државјани биле приведени изминатата ноќ од страна на полицијата, а по уште едно се трага поради основано сомнение дека извршиле кражби во две куќи во тетовското село Челопек, информира СВР Тетово.

Според информациите, ноќеска околу 2 часот и 45 минути полицајци од полициското одделение Жеровјане запреле такси возило „Сеат Толедо“ што го управувал А.Б. од Голема Речица и во кое имало уште едно непознато лице.

Непознатиот кога видел дека полицијата го запрела такси возилото излегол и почнал да бега по што полицајците тргнале по него. Во непосредна близина на џамијата во Челопек биле пронајдени и приведени двајца албански државјани Р.А и В.А. кои со себе имале повеќе торби и најлонски кеси во кои носеле поголема количина златен накит и бижутерија, лап топ, телевизор, часовници, парфеми и друго.

Сомнежите дека сето тоа е последица на кражби било потврдено по разговорот со двајцата приведени кои изјавиле дека поттикнати од третото лице, по кое полицијата се уште трага, тие дошле од Тетово и извршиле кражби во две куќи во Челопек во кои немало никој, информираат од СВР Тетово.

Полицијата, работи на расчистување на сите поединости по што во текот на денот двајцата приведени албански државјани со соодветни пријави ќе бидат изведени пред истражен судија во Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот