На територијата на Чаир изречени се вкупно 182 мерки, од кои 29 се за возење без возачка дозвола, соопштија денеска од МВР.
За нерегистрирани возила санкционирање се 17 возачи, а седум санкции се изречени за неносење на заштитна маска.
Санкциите се во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР, а оттаму информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.