СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ е закана и опасност по здравјето на граѓаните

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е партија без единствен став за ниту едно прашање, па и за пандемијата предизвикана од коронавирусот, со што предизвикува конфузија кај граѓаните.

Лицемерниот Христијан Мицкоски после цели осум месеци сфати дека коронавирусот е опасен и непредвидлив непријател и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, кои претходно ги критикуваше. Во исто време високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски зборува дека носењето заштитни маски е штетно за здравјето“, соопштува СДСМ.

„Марковски смета дека ковид-19 е смешен вирус, а Мицкоски секојдневно ја користи пандемијата да го оцрни здравствениот систем и ги злоупотребува заболените и починатите во очајна трка за политички поени.

Ваквите настапи се продолжение на неодоговорното однесување на ВМРО ДПМНЕ, од почетокот на пандемијата, кога Мицкоски тврдеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па продолжи со подривање на напорите за справување со кризата, со неказнување за непочитување на мерките и кочење на средства за опремување на болници од страна на опозициските кадри во техничката влада.

Наводно загрижен за здравјето на граѓаните, Мицкоски организираше протести без никакво почитување на мерките, без носење на маски, без социјална дистанца, па и самиот не ги почитуваше мерките за заштита.

Грижата за здравјето на граѓаните не се покажува со зборови, туку со дела, а ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека претставува закана и опасност за здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи