Карантинот во Австралија може да го наруши почетокот на тениската сезона

Од:

Владата на Викторија нема да дозволи влез на странски тенисери барем до Божик, пишува „Хералд Сан“. Ова може да ги наруши плановите за започнување на тениската сезона.

Претходно, се претпоставуваше дека во средината на декември, до 550 странски играчи и членовите на нивниот тим ќе бидат ставени во „меур“ во Мелбурн. Откако ќе бидат ослободени од карантин, тие ќе можат да учествуваат на турнири пред Австралија опен.

Меѓутоа, ако тенисерите пристигнат во Австралија по католички Божик, нивниот карантин ќе заврши со почетокот на Австралија опен и сите прелиминарни турнири ќе бидат нарушени.

Австралиската тениска федерација сè уште се надева дека ќе добие олеснување од владата на Викторија, но официјалните лица стравуваат од појава на болест поради доаѓањето на толку многу луѓе од целиот свет.

Опциите за одржување други турнири во Австралија по завршувањето на Грен слемот во Мелбурн не се разгледуваат, бидејќи играчите имаат закажано настапи на други места.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата