Неверојатна снимка на тепачка на натпревар во женски ракомет доаѓа од Украина – пред крајот на дербито меѓу второпласираната екипа во првенството, Дњепарка Херсон, и третопласираниот Реал Николаев, еден погруб старт беше повод да започне масовна тепачка:
Во метежот на теренот, кој за среќа не траеше долго, од клупите скокнаа и неколкумина мажи – членови на стручните штабови на двете екипи, кои малку недостасуваше да се вмешаат и да настане целосен хаос.
За тоа колку невообичаена и бизарна беше ситуацијата која ретко се гледа во женскиот ракомет, најдобро сведочи потегот на една од судијките, која се фати за глава кога виде како ракометарките се тепаат.