Бајден го откри тимот соработници за во Белата куќа

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, откри кој ќе биде поставен на функциите во Белата куќа, а во тимот ќе се најдат некои од луѓето кои биле на високи позиции за време на кампањата и некои од неговите најблиски соработници.

Бајден потврди дека поранешната шефица на кампањата Џен О’Мали Дилон ќе биде именувана за заменик шеф на кабинетот, додека претставникот на Луизијана во Конгресот и копретседавачот со кампањата Седрик Ричмонд, како и советникот на кампањата Стив Рикети, ќе добијат високи функции во новата администрација.

Висок советник на Бајден ќе биде Мајк Донилон, кој е негов долгогодишен соработник од доверба. Дана Ремус, главната советничка на кампањата, ќе биде советник на Белата куќа, додека заменичката на шефот на кампањата Џули Чавез Родригез ќе ја предводи Канцеларијата за меѓувладини работи.

Ани Томасини, која моментно ја извршува функцијата шеф на персоналот задолжен за патувањата на Бајден, ќе ја заземе позицијата директорка за операции во Овалниот кабинет.

Шефот на персоналот во кампањата Ентони Бернал ќе и биде висок советник на првата дама Џил Бајден, а за нејзин шеф на персоналот ќе биде поставена Џулиса Рејносо Панталеон, поранешна американска амбасадорка во Уругвај.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините