(ВИДЕО) Ивановски: Заврши реконструкцијата на булеварот 8 септември

Од:

„Единиците на локалната самоуправа на Град Скопје и Општина Карпош, предводени од СДСМ во континуитет инвестираат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина.

Заврши реконструкција на булеварот 8 септември на потегот од булевар Илинден до улицата Скупи, извршена е комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници, нивелација на постоечките шахти и сливници, во двата правци во должина од 980 метри, a постојниот дрворед ќе биде заменет со 100 нови садници.

Овој булевар е еден од најискористените во Општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби“, рече Бојан Ивановски, советник во Советот на Град Скопје.

„Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај хотел Александар Палас.

Град Скопје предводен од градоначалникот Петре Шилегов постојано вложува во подобрување на инфраструктурата, само за оваа година беа реконструирани или се во изградба вкупно 21 сообраќајница.

Истовремено, упатуваме и јавна благодарност на граѓаните кои покажаа висок степен на разбирање и трпение кое беше неопходно за реализацијата на реконструирање на голем број улици во градот“, изјави Бојан Ивановски, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи