Токио е најдобриот град за живеење во 2020 година

Од:

Во оваа 2020 година, концептот за најдобар град за живеење е променет… Веќе не се зема предвид само забавата и културата, чистиот воздух и високата плата. Годинава, пред сѐ, најбитно беше – здравјето.

Списанието „Глобал фајненс“, традиционално, ја состави годишната листа најдобри градови за живеење во светот, врз основа на вообичаените параметри, но сега се зема предвид и бројот починати од Ковид-19 на милион жители, што се оценува со коефициент 3 заради приоритетност. Податоците се обезбедени од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Во таа смисла, Токио е на прво место, а европските Милано, Мадрид и Барселона се најдоа по 35. место… Скоро од првиот миг, кога вирусот излезе од границите на Кина, Јапонија ги затвори своите граници и објави дека ги одложува Олимписките игри, успевајќи истовремено и доста ефикасно да ги заштити своите граѓани, колку е тоа можно.

Следува списокот најдобри градови за живеење во 2020 година:

1. Токио, Јапонија,

2. Лондон, Велика Британија,

3. Сингапур,

4. Њујорк, САД,

5. Мелбурн, Австралија,

6. Франкфурт, Германија,

7. Париз, Франција,

8. Сеул, Јужна Кореја,

9. Берлин, Германија,

10. Сиднеј, Австралија.

Би можело да ве интересира

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија