Приведените од пакистанскиот авион се британски државјани

Од:

Двајцата уапсени мажи од пакистанскиот авион, кој вчера принудно слета на лондонскиот аеродром Станстед се британски државјани, соопшти полицијата на Есекс.

Безбедносните органи во Британија, пак, соопштуваат дека апсењето ан двајцата британци вчера, не се смета како закана за терористички акт.

Британските медиуми јавиваат дека двајцата мажи се обиделе за време на летот да влезат во пилотската кабина и им се заканувале на сите кои се обиделе да ги попречат во тоа. Не се прецизира дали мажите, на возраст од 30 и 41 година биле вооружени. Пилотите на авионот им се обратиле на диспечерите и ги информирале за однесувањето на патниците. Потоа „Боинг 777“ на пакистанската авиокомпанија со 297 патници, и кој летал од Лахор за Манчестер, бил пренасочен кон Станстед.

Два британски ловци „Тајфун“ го придружуваа авионот до новата дестинација.

На обидот на двајцата мажи да влезат во пилотската кабина им претходел друг инцидент, кој можеби го испровоцирал вториот, јави пакистанската телевизија „Гео – ТВ“.

Имено, двајца од патниците – пакистански државјани и сопружници се скарале и го привлекле вниманието на стјуардесите кои се обиделе да ги смират. Но тоа само долеало масло на огнот и мажот и жената се нафрлиле на стјуардесите и бесни изјавиле дека доколку членовите на екипажот не ги остават на мир тие ќе го кренат авионот во воздух.

По бруталното убиство на британскиот војник од страна на двајцата исламски екстремисти, безбедносните мерки во Британија се засилени.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство