СДСМ: Лицемерот Мицкоски работи против државните интереси, а глуми загриженост за евроатлантската иднина

Од:

Нема крај лицемерието на очајниот губитник Христијан Мицкоски. На денот кога на претседателот Зоран Заев уште еднаш меѓународно му се признаени успесите, кога добива награда од реномирана европска фондација, каде е окаракетризиан како човек што влева надеж, како реформатор и европеец, Мицкоски неповикан поита да си прави сопствена промоција – велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој објави дека со коалицијата „За обнова на Македонија“ усвоиле заеднички ставови во врска со националните интереси.

„Ако Мицкоски не знае, добро е да дознае дека Северна Македонија во овие три години само добива – добивме слобода, добивме пријател со Грција, добивме членство во НАТО и Влада која што ги почитува сите заедници, добивме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет.
Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина? Мицкоски не само што нема ништо направено за европската иднина, туку ќе остане запаметен дека беше на спротивната страна, очајно обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато. Затоа Мицкоски е сам, изолиран во сопствената антидржавна матрица, затоа е во опозиција и уште долго ќе остане таму“ – порачуваат од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“