Во Ирак егзекутирана група од 21 лице, сите осудени за тероризам

Од:

Во Ирак, една од земјите во кои се изрекуваат најмногу смртни казни во светот, денеска е егзекутирана група од 21 лице, обвинети за тероризам, соопштија полициски и медицински извори.

Сите егезекутирани се мажи, кои се осудени за терористички акти што ги извршиле неодамна или пред неколку години. Сите се погубени со бесење во затвор во Насирија, во јужен Ирак.

Ирачките судови од крајот на 2017 година на смрт осудија неколку стотици лица, кога тамошните власти прогласија победа над џихадистите од Исламската држава.

Во оваа земја во последните 20 години најчесто нападите ги изведуваат радикалните сунити.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски