ВМРО-ДПМНЕ: Монтажни болници нема, бидејќи на Заев и Филипче помили им беа тендерите отколку здравјето на граѓаните

Од:

„Лицемерноста на СДСМ нема крај. Центарот за комуникации на СДСМ во обид да ги заштити Заев и Филипче пишуваат лажни соопштенија,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое го пренесуваме во целост:

„Филипче сам ветуваше дека до крајот на август ќе има 16 монтажни болници кои ќе помогнат во справување со КОВИД-19. Но на Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните.

Здравствениот систем поради неспособноста на Заев и Филипче е колабиран. Денес здравствениот систем се соочува со недостиг на заштитна опрема, недостаток на место, имаме исцрпени медицински лица, а граѓани умираат на пат до болница или во ходници.

Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство.

Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот.
Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!
Филипче, оставка веднаш!,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?