Глобална недела на претприeмништво

Од:

Македонија ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништво што се одржува од 16 до 22 ноември. Станува збор за еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10 000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање на нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништвото.

Домаќин на Глобалната недела на претприeмништво во Република Северна Македонија е асоцијацијата Стартап Македонија.

Ceкоја година ГНП обработува различни теми кои претставуваат столбови на кои треба општеството да одговори соодветно во однос на предизвиците, особено сега во време на КОВИД-19 кризата на глобално ниво. Оваа година четирите теми на ГНП се: стекнувањето претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование; инспирирањето на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка која ќе овозможи основа на претприемачите за скалирање на нивните бизиси; намалување на бариерите за основање на бизниси особено за младите и жените т.е. поттикнување на инклузивноста во бизнисот; како и квалитетно креирање на политики како соработка меѓу екосистемот и Владата.

Глобалната недела на претприемништво во земјава се организира во партнерство со Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД, а во еднонедeлна програма на виртуелни активности која брои 54 партнер организации, се предвидени 43 настани со 120 говорници.

Би можело да ве интересира

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Ангеловска: Ќе го забрзаме растот на земјава со примена на дигиталните технологии

Регионална конференција за социјално претприемништво

Ана Ололовска

Натпревар за млади со идеи за социјално претпремништво

Ана Ололовска