ВИДЕО: Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на семејството на Заеви. Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница.

Заев рече дела фирмата „Еленица“ од Струмица, која е во сопственост на неговото семејство донирала 1.250.000 денари опрема од домашната компанија „Брако“, која ја купи „Еленица“.

– Донирани се механички кревети, шкафови и се што е потребно како материјал, а фирмата „Тотал инженеринг“, која е што во сопственост, исто така, на моето семејство, денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015 година, целосно е во исправна состојба, децении ќе ги служи граѓаните, рече премиерот Заев.

Тој и министерот Филипче го посетија новото крило на струмичката боница, кое сега е резервен капацитет за ковид-пациенти. Премиерот истакна дека тоа е целосно опремено, има времен приклучок за електрична енергија, а требало да се дозаврши новата трафостаница и да се доопреми со сериозни апарати коишто се дел од проектот на Светска банка од вкупно 10 милиони евра, средства кои се предвидени за струмичката, тетовската и охридската болница.

Претседателот на Владата рече дека од родната Струмица испраќа порака на солидарност, која е потребна на сите.

-Треба да си помагаме секој колку може и како може. Јас знам дека е вградена солидарноста овде и од изведувачите. Ова се прави со љубов што е направено од медицинскиот персонал. Оваа 2020 година лекарите и здравствените работници се нашите херои. Тие се тие коишто повеќе од 10, 15 часа многу често на ден се посветени на нашето здравје, на здравјето на нашиот народ спасувајќи човечки животи и борејќи се за здравјето на сите за што неизмерно јас, а верувам и целиот наш народ, сме благодарни на сите здравствени работници. Тоа не се прави за плата, иако е работното време 8 часа тие го прават од љубов, солидарност согласно професијата и навистина заслужуваат секоја почит и затоа велиме тие се нашите херои оваа 2020 година, подвлече Заев.

Уште еднаш апелираше на доследно и постојано почитувањето на мерките.

-Тоа веројатно ќе ги намали бројките иако сме во екот на најсилен бран, верувам дека ќе го пребродиме брзо заради тоа што веќе и граѓаните во повеќе од 90-95 проценти ги почитуваат мерките што само по себе кажува дека е логично да очекуваме во соодветен период и да почне да паѓаат бројките, смета Заев.

Министерот Филипче се заблагодари за донацијата и тоа, според него, значи сериозно зајакнување на капацитетот на болницата во делот на транспорт на пациенти.

-Струмичката болница ја завршивме после повеќе од 30 години. Сега таа почна да се опремува, еве дел и со донации. Ќе продолжиме и во следната година кога ќе биде целосно опремена со кредитот од Светската банка којшто еве долго време го чекавме, повеќе месеци, а можеше да биде и порано на располагање за граѓаните, за пациентите на нашата земја за жал се соочивме со непринципиелна блокада од страна на опозицијата, рече Филипче.

Додаде дека е ова еден период во којшто здравствениот систем е преоптоварен и работата се одвива во вонредни услови, а целокупниот пероснал е мобилизиран и подготвен да помогне таму каде што најмногу треба.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов се заблагодари на донациите и истакна дека денеска ја добиле најпотребната опрема која им неопходна во овој момент.

-Возниот парк кај нас е застарен и често се случуваат дефекти и затоа голема благодарност до семејството Заеви, кое најде можност во овој момент да ни го донира возилото, кое од голема важност за нашата болница, рече Гогов.

Струмичката болница покрива регион од околу 200 илјади жители од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Берово, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска