По инцидентите во Британија со убиството на британскиот војник, Лондон денеска упати два воени ловци да следат патнички авион со 297 патници и членови на екипаж кој леташе од Пакистан.
Авионот кој полета од Лахор во Пакистан и требало да слета во Манчестер бил преусмерен на аеродромот „Стенстид“ источно од Лондон.
Според британската полиција во текот на летот дошло до инцидент и истрагата е во тек.
Пилотот на патничкиот авион, наводно, побарал да се смени правецот на летот, затоа што еден патник недолично се однесувал.
Две лица биле уапсени за загрозување на сигурноста на летот.
Аеродромот „Стенстид“ обично се користи за преусмерување на летови кога постојат сомневања за тероризам.