Македонската машка одбојкарска репрезентација со победа над Албанија ги започна квалификациите за Светското првенство.
Во СРЦ „Кале“ во Скопје нашите одбојкари со убедливи 3:0 по сетови 25:19, 25:15 и 25:19 беа подобри од Албанците, во натпревар од групата Д, во која се уште и селекциите на Црна Гора и Украина.
Утре од 18 часот, во рамките од второто коло, репрезенттацијата на Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Црна Гора, а в недела во истиот термин црвено-жолтите ќе играат против Украина.