СДСМ: Мицкоски глуми згриженост за граѓаните, a во реалноста дејствува опасно по јавното здравје

Од:

„Состојбата со пандемијата со коронавирусот кај нас, во земјите од регионот, во цела Европа е сериозна, институциите, здравстените работници, граѓаните водат беспоштедна борба со вирусот, само Мицкоски глуми згриженост за здравјето на граѓаните, ги критикува и опструира сите напори за справување со кризата и бара оставки.

Прв што треба да си даде оставка е токму Мицкоски и да замине од белиот дворец, бидејќи е опасен за здравјето, тоа три пати по ред му го порачаа граѓаните кога го поразија на избори“, соопштува СДСМ.

„Граѓаните знаат дека во тешки времиња се потребни сериозни и одговорни луѓе, а не лицемерни и недоследни политичари како Мицкоски, за кого коронавирусот е опасен, кога тоа му се поклопува со дневната политичка агенда.

Осум месеци ги критикуваше и опструираше сите мерки за заштита, па после ги повика граѓаните да ги почитуваат.

Некрофилот Мицкоски броеше жртви и подмолно се радуваше на бројот на починати, во очаен обид политички да профитира врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели.

Наводно загрижен за здравството, преку негов кадар во преодната влада кочеше заем за опремување на здравствените установи, си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема.

ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири.

Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа е таму каде што е, во длабока опозиција, каде уште долго ќе остане“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија