ВИДЕО: Неколку проектили испукани од Етиопија кон Амсара

Од:

Најмалку три ракети беа испукани синоќа од територијата на Етиопија кон главниот град на Еритреја, Асмара, изјавија дипломатски извори.

Според нив, најмалку два проектила го погодиле аеродромот во Асмара.

Поради прекин на комуникациските системи во бунтовничката етиопска држава Тиграј и во Еритреја, западнимедиуми не можеа да дадат потврда за информациите за испуканите проектили.

Во тек е голема ескалација на 11-дневните судири меѓу етиопските федерални трупи и локалните сили на бунтовничката држава Тиграј. Владата на бунтовничката етиопска држава претходно соопшти дека нејзините сили ракетирале две етиопски воени цели како одмазда за неодамнешните федерални воздушни напади врз цели на северот.

Ракета го погодила аеродромот во Гондар во соседната држава Амхара, но го промашила аеродромот во Бахир Дару, објави владата на Тиграј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он