На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 694 пациенти, слободни кревети има

Од:

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.

– Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пациенти, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Оттаму потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од министерството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски