Бездомник од Минхен провалил во куќа чии сопственици заминале на одмор за да си ги испере алиштата и притоа им го одржувал цвеќето во градината, објави во четвртокот минхенската полиција.
39-годишниот бездомник го нашла сосетката којашто требала да наминува во куќата додека нејзините сопственици се на одмор, се наведува во соопштението на полицијата.
„Сосетката нашла непознат маж како ја обработува градината на соседите кои се на одмор и го запрашала што прави, а тој лаконски ѝ одговорил дек мора да го полева цвеќето”, се наведува уште во соопштението на полицијата во Минхен.
Провалникот, инаку Турчин без постојано место на живеење, според полицискиот извештај, во понеделникот влегол во куќата во која се однесувал како да е дома, се расоблекол, облеката ја ставил во машината за перење, вклучувајќи ги и чевлите.
„Во меѓувреме се пресоблекот во облека којашто ја пронашол во шифоњерот на своите ‘домаќини’, а пото се симнал во кујната, каде се најал. Потоа отишол во градината, каде го искорнал плевелот и ги залеал растенијата”, пишува полицијата.
Мажот прво бил приведен во полициска станица, а потоа одведен на психијатриско набљудување по налог на судија.