(ВИДЕО) ЛДП: Патриотизмот не се мери со споменици на метар квадратен

Од:

Либерално-демократската партија денеска изрази загриженост за одливот на млaдите од земјава.

– Во предлог резолуцијата, која ја поднесе известувачот за Македонија, Ричард Ховит стои дека невработеноста на младите во Македонија е меѓу најголемите во светот. ЛДП многупати до сега искажуваше загриженост за катастрофалната состојба во која се наоѓа младиот човек во земјава. Но сите укажувања од наша страна, за алармантната состојба и повици нешто да се преземе беа игнорирани од ресорните министерства и Владата – рече Филип Јаневиќ од ЛДП.

ЛДП побара од Владата сериозно да го сфати укажувањето во извештајот на известувачот Ховит и реално да ја согледа катастрофалната состојба, а не само како што истакна Јаневиќ „декларативно да се бори за задржување на младите образовани кадри во Македонија, зошто патриотизмот не се мери со подигнати споменици на метар квадратен, туку со обезбедување на реални услови за
достоинствен живот и просперитет на младите луѓе“.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ