Владата во Дамаск согласна да учествува на меѓународната конференција за Сирија

Од:

Од Дамаск е добиена принципиелна согласност сириската Влада да учествува на меѓународната конференција за Сирија, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Тој истакна дека Русија не губи надеж дека ќе се реализира руско-американската иницијатива за организирање на конференција за Сирија, додавајќи дека Москва е децидно против секакво надворешно вмешување во сирискиот конфликт.

– Тоа што веќе две години се случува на либанско-сириската граница, во граничните региони, на границата меѓу Сирија и Турција, е основа за тврдењата дека во внатрешносирискиот конфликт се вмешуваат главно сили, кои сакаат соборување на легитимната Влада на Сириската Арапска Република, посочи Лукашевич.

Тој потврди и дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери набрзо ќе се сретнат во Париз.

Лукашевич наведе дека се уште не е можно да се одреди датумот за меѓународнатра конференција за Сирија, како и кој ќе ја претставува сириската опозиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија