Сите членови на македонската фудбалска репрезентација ќе добијат по 10.000 евра, одлучи Владата на седница по пласманот на Европското првенство во фудбал.
Информацијата ја соопшти премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша Заев.