Со голот на капитенот Горан Пандев македонската фудбалска репрезентација води со 1-0 во финалето на Лигата на нации против Грузија. Одличната акција што ја почна Елиф Елмас го гол ја круниса Пандев во 56 минута од натпреварот.
Со победа на овој дуел, нашата селекција ќе обезбеди прв историски пласман на европско првнество. До крајот на средбата има уште помалку од половина час.