Одбојкарската репрезентација на Македонија со натпреварот со Албанија ги почнува квалификациите за Светското првенство во Полска во 2014 година. Покрај овие две репрезентации на турнирот во Скопје настапуваат уште Украина и Црна Гора. Ова е прва фаза од квалификациите, а првопласираната селекција ќе оди директно во третата фаза квалификации, додека второпласираната ќе игра во втората фаза бараж дуели.
Буграскиот тренер Николај Жељасков, кој е селектор на нашата репрезентација за турнирот и за противниците изјави дека Албанија е аутсајдер. – Но за неа немаме никакви информации. Сепак, не смееме да ги потцениме и мора секој натпревар да го одиграме максимално концентрирано и внимателно. Најважно е на почетокот да почнеме со победа, рече Жељасков.
Дуелот Македонија – Албанија почнува во 18 часот, додека натпреварот Украина – Црна Гора стартува во 15:30 часот. Натпреварите се играат во СРЦ „Кале“, а влезот е слободен.