Комисијата за заразни болести ќе се состане попладне, Филипче вели засега нема потреба од дополнителни рестрикции

Од:

За денеска е закажан состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се разговара за можните дополнителни рестриктивни мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што денеска изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа.

Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

– После утринската координација што ја имавме, се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки, нагласи Филипче.

Не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават импортирани случаи однадвор.

– Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договороено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија, рече Филипче.

Во однос на доцното објавување на извештаите за новозаразени, Филипче рече тоа е така поради огромна бројка на резултати што пристигнува за извршени тестирања и проверките што се прават со цел да се дадат точни податоци.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски