Армијата стави на располагање воено-сантитски возила за побрз транспорт на пациентите од Ковид

Од:

Пет болнички возила на Армијата од денеска и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови.

Министерот Венко Филипче, кој денеска заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на предавањето на воено-санитетските возила, изјави дека помошта е повеќе од потребна во ситуација кога здравствениот систем е под голем притисок.

– Притисокот е голем и неопходен е брз транспорт. Оваа помош е драгоцена и ќе биде важна бидејќи ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за транспорт на пациенти. Здравствениот ситем веќе неколку денови по ред е под огромен притисок. Ситуацијата е критична. Утринава имавме координативен состанок соа директорите на интерните клиники и договаравме распоред на пациенти и дполнителни болнички капацитети. Формиран е дополнителен тим којшто е одговорен за третманот на пациентите на интерните клиники, истакна Филипче.

Министерката Шекеринска рече дека во овие моменти кога земјата се соочува со пандемијата, поребно е сите да бидат одговорни и да се најде начин за да се помогне.

– Со овие возила значително се зајакнуваат капацитетите да овозможат брза реакција на здравствените институции во моементи на тешки здравствени ситуациии.Тоа се возила кои даваат можност за транспорт на повеќе лица. Ги даваме како поддршка затоа што сега сите ресурси на државата, треба да ги насочиме тука, нагласи Шекеринска.

Двајцата апелираа да се почитуваат мерките и препораките за да може да се надмине актуелната ситуација.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска