СДСМ: Мрачниот некрофил Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на жртви од коронавирусот во очај дека тоа ќе им донесе политички поени

Од:

„Од почетокот на пандемијата досега, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека здравјето на граѓаните им е на последно место.

Ним не им е битно здравјето на граѓаните, тие остануваат најголемата закана по јавното здравје, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници, а од друга страна глумат дека се загрижени за здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19 и како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде се радува на несреќата на стотици семејства.

И додека Мицкоски глуми загриженост, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Маркоски секојдневно излегува со скандалозни изјави. Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”.

Претходно, Марковски ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем.

Некрофилната кампањата што ја тера Мицкоски врз грбот на починатите и заболените од светски раширениот коронавирус, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели го покажува неговото политичко дно.

Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он