Први заштитни мерки во Шведска од почетокот на пандемијата – локалите што продаваат алкохол мора да затворат до 22 часот

Од:

По првпат од почетокот на пандемијата, Шведска воведе делумно „затворање“, во рамки на што е забрането баровите и рестораните да продаваат алкохол по 22.00 часот.

Новите ограничувања ќе се применуваат низ целата земја од 20 ноември, а тоа значи дека сите установи со лиценца за послужување алкохол мора да се затворат во 22:30 часот.

Премиерот на скандинавската земја, Стефан Ловен, на прес-конференција рече дека земјата е изложена на ризик да ѝ се повтори ситуацијата од пролетоска.

Во рамки на борбата против пандемијата, властите во 13 од 21 регион издадоа препораки до Швеѓаните да избегнуваат физички контакт со луѓе кои не се од исто домаќинство.

Во последните недели, бројот на лица заразени со коронавирус на дневно ниво значително се зголеми, а болниците пријавуваат огромен прилив на пациенти.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица