Маскирани крадци украле 6.5 милиони евра од централата на Германската царина

Од:

Германските медиуми денеска објавија дека од централата на Царината на Германија во градот Емерих украдени се 6,5 милиони евра.

Три маскирани лица на 1 ноември упаднале во зградата на Германската царина околу шест часот утрото, а го напуштиле објектот околу 10 часот и 45 минути. Тие побегнале во бело возило, заедно со парите, соопшти полицијата.

Крадците во зградата на Германската царина влегле така што го пробиле ѕидот од просторијата каде се сместени сефовите. Полицијата понуди награда од 100.000 евра за информации кои ќе доведат до апсење на дрските крадци.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ