Тостот што му беше подготвен за појадок на принцот Чарлс на 29. јули 1981 година, првиот ден по неговота стапување во брак со принцезата Дајана, сега се продава на аукција.
Иако личи на обичен остаток од храна, поврзаноста со кралското семејство и овој голем ден го прави скапоцен.
Аукцијата ќе ја води Чарлс Хансон кој рече дека тост не е изеден и докажува дека принцот тој ден имал проблеми со апетитот поради нервоза.
Покрај појадокот – тост пред принцот тој ден имало и исцедиен сок од портокал, овошје, млеко, како и неколку видови на мед.
Се очекува принцовиот тост да се продаде најмногу за 500 фунти.