Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“

Од:

„Кумановски ликовни уметници“ е насловена изложбата која вчера беше отворена во Уметничката Галерија Куманово, по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември. На изложбата беа презентирани 11 ликовни академски уметници со по едно авторско дело од нивната најнова продукција.

– Годинава изложбата е симболична не беше во полн сјај како што тоа се прави со децении наназад. Учествуваа автори со дела по нивен избор кои се јавија на повикот и претежно се автори од помлада генерација-изјави вишиот кусот во уметничката галерија, Драгана Спасковска.

Изложбата ја организира националната установа Музеј Куманово со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово и Министерството за култура.

-Оваа година и покрај тешката здравствена состојба повторно како град успеавме да ги одржиме нашите ликовни колонии. Дел од нив се одржаа и по онлајн пат но сепак беа успешни и успеавме да собереме поголем број дела коишто се депонираат во нашето градско депо, каде што е и ризницата на нашето творештво. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите автори коишто дадоа придонес, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Изложбата се реализира по 64-ти пат, НУ Музејот ја организира изложбата од далечната 1958 година во чест на Денот на ослободување на градот и низ годините учествуваат академски уметници од Куманово.

Би можело да ве интересира

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски