Владата го утврди Предлог буџетот за 2021, за 400 компании 17,2 милиони евра за инвестиции

Од:

Владата синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието, соопшти владината прес-служба.

Детали за предложениот буџет за наредната година ќе соопштат премиерот Зоран Заев и министерот за финансиии Фатмир Бесими на прес-конференција во Владата во 14 часот.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот и го разгледа и го усвои Извештајот на Kомисијата за оцена на пријавите на деловните субјекти, задолжувајќи го Министерството за економија да склучи договори со одобрените компании согласно Извештајот.

-Вкупно, 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места, соопшти владината прес-служба.

Висината на финансиската поддршка е 25 проценти од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, но не повеќе од: 40.000 евра во денарска противвредност, за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност; 100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 1.000.001 евра до 10.000.000. евра во денарска противвредност; 140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра во денарска противвредност; 200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 10.000.001 евра, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме четири или пет такви

(ВИДЕО) Лукаревска до Мицкоски: Го уништивте Скопје, каде ви се автобусите што ги ветувавте?

Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата