Чајот од камилица содржи супстанца апигенин, која спречува ширење канцерогени клетки. Исто така може да се најде и во овошјето и зеленчукот во медитеранскиот начин на исхрана.
Шолја чај од камилица може да помогне во борбата против ракот, велат истражувачите. Супстанцата – апигенин, ја одзема „супермоќта“ на клетките на ракот.
Научниците од Универзитетот во Охајо откриле дека апигенинот има моќ да ги блокира клетките на ракот на дојка кои имаат можност да живеат многу подолго од нормалните клетки, но и да ги направи многу посензитивни на терапијата на лекови.
Чајот од камилица, магдоносот и целерот се најсилен извор на апигенин, но оваа супстанца може да се најде и во овошјето и зеленчукот во медитеранската исхрана.
Оваа супстанца има и антиинфламаторно дејство, па може да се смета во одличен лжчувар на организмот од рак.
– Знаеме дека треба да се храниме здраво, но во поголем дел од случаите не знаеме зошто тоа треба да го правиме, вели молекуларната генетичарка и лидер на споменатото истражување др. Андреа Досеф.