СДСМ: Мрачниот некрофил Мицкоски се обидува да профитира од жртвите на коронавирусот

Од:

„Во овој сериозен период од пандемијата со коронавирусот, кога е неопходна голема одговорност од сите граѓани, доследно почитување на мерките за заштита за намалување на притисокот врз здравството, Христијан Мицкоски со својата морбидна некрофилна политика останува најголема закана за здравјето на граѓаните и подмолно се обидува да профитира од смртта на жртвите на коронавирусот!

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата“, велат од СДСМ.

„Мицкоски се подбиваше со заболените од коронавирусот кога ги кршеше мерките и одеше во ресторан или во теретана, кога органзираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца.

Мицкоски не мислеше на последиците кога Вело Марковски зборуваше дека вирусот не е опасен, ниту денеска кога овој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од ракав дели терапии и кажува како не треба да се лекуваат заболените од коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција.

Напротив, го допреа дното со неконструкитвно однесување, опструкции и критики.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето, додека Мицкоски се радува на починати“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он