Бремените жени со специфични верзии на два гена имаат поголем ризик за постпородилна депресија, објави стручното списание „Molecular Psychiatry“.
Американски научници од Универзитетот Џонс Хопкинс веруваат дека нивните наоди ќе овозможат развој на тест со земање крв наменет за рано откривање на жените со поголем ризик за постпородилна депресија.
Се проценува дека постпородилната депресија погодува околу 15 отсто нови мајки.
Според новите резултати, собрани од 51 испитаничка, верзиите на генот TTC9B и HP1BP3 на засега непознат начин влијаат на активноста на хипокампусот, дел од мозокот клучен за регулација на расположението.
Досегашните тестирања сугерираат и дека во овој процес е вклучен и хормонот естроген.