Низ цела Европа веќе има над 300.000 смртни случаи како последица на страшните ефекти од коронавирусот, покажуваат податоците до кои дојдоа британските медиуми.
Според нив, иако во Европа живее само 10 проценти од светската популација, на „Стариот континент“ се регистрирани речиси четвртина од досега потврдените вкупно околу 1,2 милиони смртни случаи во светот.
Британските медиуми проценуваат дека притисокот и тензиите што насекаде ги предизвикува пандемијата на коронавирусот се чуствуваат дури и во добро опремените болници во Европа.