Папата Франсис изјави дека сите ќе пронајдат спас преку Исус, вклучувајќи ги и атеистите.
Предводникот на 1,2 милијарди римокатолици обраќајќи се од својата резиденција раскажа приказна за католик кој прашал свештеник дали и атеистите ќе најдат спас преку Исус.
-Сите ние имаме должност да правиме добро. Само правите добро и ќе ја пронајдете заедничката точка-нагласи папата.
Користејќи делови од Евангелието, тој зборуваше за тоа колку биле вознемирени учениците на Исус, што некој друг надвор од неговиот круг прави добро.
Елена Георгиевска